
Скопјани од утре ќе плаќаат повисоки сметки за парно за 5,03 проценти, поскапел гасот на европските пазари
Според пресметките на Регуларна комисија за енергетика реално тоа би значело дека едно просечно домаќинство чиј месечен трошок досега бил околу 2100 денари, во идниот период ќе издвојува околу 2200 денари за греење, односно околу 100 денари повеќе.
Околу 60 илјади потрошувачи во Скопје од утре, први февруари, ќе плаќаат повисоки сметки за парно за нешто повеќе од 5 проценти. Според пресметките на Регуларна комисија за енергетика реално тоа би значело дека едно просечно домаќинство чиј месечен трошок досега бил околу 2100 денари, во идниот период ќе издвојува околу 2200 денари за греење, односно околу 100 денари повеќе.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Зголемувањето на цената како што е познато ја побараа трите компании на ЕСМ кои се занимаваат со производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. Врз основа на нивните барања РКЕ одржала подготвителна и главна седница, на која е донесена одлука цената на потрошувачите на топлинска енергија да се зголеми за 5,03 проценти.
Основна причина за ова зголемување е поради тоа што сме го предвиделе во јули како цена на природен гас од 37 евра за мегават час, а сега признаваме дека имало зголемен трошок и признаваме зголемена цена за 16 проценти, тоа е 43 евра за мегават час. Притоа трошокот на ЕСМ изнесува 50 евра за мегават час, но ние како и во сите претходни одлуки ја земаме цената на пазарот на природниот гас и сметаме дека таа изнесува 43 евра за мегават час – изјави на денешната прес конференција претседателот на регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Тој нагласи дека оваа одлука е донесена затоа што цените на природниот гас на европските берзи во последниот квартал на 2024 година растеле и дека ист таков тренд има и во јануари, пришто моменталната цена се движи околу 52 евра за киловат час .Според него, друга причина за да се донесе оваа одлука е што во јули РКЕ предвидела дека Те-То ќе учествува во обезбедувањето на вкупните потреби на топлинска енергија со 60 проценти, а дека топланите ќе обезбедат 40 проценти. Но, во по послениот квартал од 2024 година е констатирано дека Те-То обезбедил 51,9 проценти, а остатокот е произведен од топланите во градот Скопје. Притоа, цената на Те-То е за 35 проценти пониска од цената на топланите.
Те-то во последниот квартал, не по своја вина, туку затоа што во одредени денови не му одговарала цената на природниот гас од аспект на продажба на електрична енергија не работел, па затоа нивното учество е помало од предвиденото – посочи Бислимоски.
Регулаторна направила и споредбена анализа за тоа како се движат цените на топлинска енергија во одредени градови во регионот. Во Белград цената е повисока за 71,54 процент отколку во Скопје, во Љубљана речиси за 55 проценти, во Нови Сад за 40, во Сараево за 27,8 проценти и во Софија за 6 проценти.
Во текот на февруари ќе се донесе и одлука за цената за парно која ќе ја плаќаат потрошувачите на ЕСМ Енергетика и на Скопје север, која ќе се применува од 1 март.