Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Скопјанец последниот ден во годината го поминал во болница, бил истепан поради кавга за паркинг место

Ноќеска во 20.53 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Г.В.(47) од Скопје.

Според пријавеното, околу 19.30 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање за паркинг место, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот