Полиција / илустрација / Фото: Општина Центар

Скопјанец покосил две девојчиња на улица во Гази Баба

Вчеравечер, 76-годишен возач од Скопје прегазил со автомобил две девојчиња во населбата Гази Баба, соопшти полицијата.

„Во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Товарник“ во Скопје патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(76) од Скопје, удрило во две малолетнички на возраст од 12 и 13 години, двете од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетничките, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот