Фото: илустрација / МИА

Скопјанец паднал од мотор пред Соборна во 4 наутро и тешко се повредил

Во уште една несреќа со мотор во Скопје, тешко е повреден 37-годишен жител на главниот град, кој во 4 наутро паднал на крстосницата пред Соборниот храм, соопшти МВР.

„Денеска (12.09.2025) во 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Св. Климент Охридски“, пред крстосница со бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Б.П.(37) од Скопје, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот