Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 14 ноември, околу полноќ, осомничениот во алкохолизирана состојба, го зел со автомобил оштетениот под изговор дека ќе разговараат и го однел во сопствениот дом. Пред сопругата и двата сина извадил пиштол и започнал да пука кон него. Му нанел повеќе повреди, по што сведоци го пренеле оштетениот во болница.

Бидејќи постојат законски основи – опасност од бегство, можност дека ќе влијае врз сведоците или ќе го доврши обиденото дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот