Апсење / лисици / Фото: МИА

Скопјанец избегал од „Идризово“ пред четири години, полицијата го фати денеска

Единицата за интервентна полиција денеска го уапсила А.А.(54) од Скопје, кој бил баран со централна и меѓународна потерница по наредба на КПУ „Идризово“ поради бегство од затворот. Тој бил во бегство цели четири години, а сега ќе биде спроведен назад во затворот, соопшти полицијата.

„А.А. е осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 ст.1, „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 ст.1 и „фалсификување исправа“ по чл. 378 ст.1 вв ст.1 од КЗ, а за доиздржување имал шест години и два месеци. А.А. на 05.02.2021 година бил пуштен на домашно отсуство, по што се дал во бегство“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот