Тирана, Албанија - Фото: Flickr

Скапите станови ги селат младите на периферија од градовите на Балканот

Младите луѓе во Албанија, Србија и Косово кои што немаат длабок џеб и се посиромашни, поради тој факт живеат во периферните делови и ги напуштаат градовите затоа што повеќе немаат пари да плаќаат скапи кирии, објави бриселската страница „Еуопсервер“.

Србија Косово и Албанија немаат социјални станови за младите а нивните просечни плати ги приморуваат да се населат на периферијата од граадовите, каде цените за домување се пониски. Скокот на цената на кириите и огромните цени на становите што се нови изградени во новите згради, ги приморуваат младите да живеат на периферија или со нивните родители во ист дом.

А во Европската Унија, како што е наведено, најмалку десет проценти од луѓето мора да издвојат 40 проценти од своите приходи за кирија или кредити за минимално прифатливи станови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот