Фото принтскрин

Скандалозна изјава на хрватска писателка, ги спореди Србите со бубачки: Треба да се отстранат со газење и отров

Славица Стојан, хрватска книжевна историчарка и член на Претседателството на Матица Хрватска, зборувајќи за наводните тврдења на Србија за културното наследство за кое таа смета дека е хрватско, ги спореди Србите „со бубачки што не можете да ги истребите“, пренесува српски „Информер“.

„Министерството за култура и надворешни работи им испраќа протестни ноти. Но, тие не обрнуваат внимание и едноставно не можете да останете имуни на тоа. Неодамна се сетив на еден феномен во природата кој ме полуде. Се работи за бубачки кои во страшна наезда со години упорно се обидуваат да поплават куќи и дворови и внатрешни простори. Ги поплавуваат и улиците“, вели таа во интервјуто за хрватски „Дулист“.

Таа во разговорот посветила посебно внимание на наводното присвојување на дубровничкото наследство од Србија и истакна дека Дубровник го смета исклучиво за хрватски. Писателката исто така смета дека Србите се „предатори кои демнат од границата и кои треба да се отстранат со газење, отров и пламенофрлачи“.

„Бубачки од кои, кога ќе нападнат, многу е тешко да се ослободите, без разлика каков метод ќе користите, газење со нозе, отрови, пламенфрлач. Кога нешто такво ќе влезе во куќата, мора сериозно да се борите или да ја напуштите куќата. Нема шанси за ја напуштиш твојата куќа.Треба да се бориш со бубачки, никогаш да не дозволиш да ја преплават куќата, да лазат по масата и по постелнината, туку трпеливо и трајно да ги искорениш“, рекла Славица Стојан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот