
СКАНДАЛ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Полицајци во барови го покажувале телото на Коби Брајант
Полицајци од Лос Анџелес ги сликале мртвите тела на Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и останатите седум трагично загинати во хеликоптерската несреќа која се случи на 26 јануари.
Само неколку денови по несреќата во која загина еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант, во полицијата на Лос Анџелес завладеа паника бидејќи започнаа да се шират гласини дека пониско рангирани припадници во баровите ги покажуваат сликите од местото на несраќата на кои се гледаат телата на загинатите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како што пренесува „ТМЗ“, тие добиле потврда дека од канцеларијата на шефот на полицијата на Лос Анџелес бил испратен допис во кој се замолуваат полицајците да дојдат на работа, да ја пријават грешката и да ги избришат сликите, и никој нема да сноси никакви последици. Сето тоа било сторено на брзина, но обидот за заташкување го откриле новинарите на „Лос Анџелес тајмс“.
Иако се поминало во тајност, еден од највисоко рангираните припадници на полицијата,Алекс Вилануева изјавил дека е вознемирен што членовите на институцијата дозволиле да се случи ваков пропуст во многу чувствителен случај.
Според информациите кои им се достапни на американските медиуми, полицаец почетник го сликал местото на несреќата заедно со телата на загинатите и потоа во бар и ги покажувал сликите на девојка која се обидел да ја импресионира.
Келнерот го пријавил случајот во полицијата откако слушнал за што зборувале гостите. Од „ТМЗ“ се јавиле во полицијата и таму им било кажано дека за тој случај се запознаени пред три дена и дека проблемот се решава во тајност.