СОС Детско село/Фото: PHILIPP SCHULZE / AFP / Profimedia

Скандал во австриското „СОС Детско село“, деца го години тепани, малтретирани и злоупотребувани

Директорот на СОС Детскo селo Австрија е суспендиран по обвинувањата за злоупотреба на деца во неколку објекти на организацијата во земјата, објави во саботата надзорниот одбор на меѓународната невладина организација.

Кристијан Мозер, кој ја предводеше организацијата во Австрија во последните 17 години, е разрешен од сите должности во исчекување на резултатите од истрагата за случајот.

„За надзорниот одбор, очигледно е дека заштитата на децата, транспарентноста и правилното справување со настаните се највисоки приоритети“, изјави Ирене Шимак, претседателка на надзорниот одбор на СОС Детски села Австрија.

По откритијата на неделното списание Фалтер за злоупотреба на деца во нивниот објект на СОС Детскo селo во Мосберг, југозападна Австрија, од 2008 до 2020 година, невладината организација на 17 септември објави почеток на надворешна евалуација.

Според извештаите на Фалтер, со години децата и адолесцентите биле тепани, ставани во изолација и фотографирани голи, настани кои никогаш не биле објавени и покрај подготовката на детален извештај во 2020 година.

Оттогаш, се појавија нови откритија за слични наводи во објектите на СОС Детските села во Имст, Тирол и Секерхин, во близина на Салцбург.

Обвинителите во Клагенфурт, Инсбрук и Салцбург сега ги истражуваат овие наводи.

Невладината организација СОС Детскo селo, која обезбедува грижа за сирачиња или напуштени деца, има 572 филијали низ целиот свет.

Во 2022 година, невладината организација откри случај на педофилија во кој беше вклучен голем донатор во еден од нејзините објекти во Азија, по откритијата за бројни инциденти на насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот