Фото: EPA-EFE/Mike Egerton

Скандал: Поранешниот англиски репрезентативец беснеел во хотел во Грција

Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Ливерпул, Енди Керол, бил инволвиран во инцидент за време на неговиот престој на Миконос, каде што двапати бил повикуван во полициска станица поради нарушување на јавниот ред и мир.

Според пишувањата на британскиот таблоид „Сан“, Керол бил под дејство на алкохол и вербално ја нападнал својата партнерка, Лу Тисдејл, најпрво во ресторан, а потоа и во хотелската соба. Очевидци сведочеле дека поранешниот фудбалер изгледал видно вознемирен и користел навредливи зборови, додека неговата девојка делувала потресено.

„Изгледаше лут и агресивен, а неговата партнерка беше очигледно вознемирена“, изјавил еден од сведоците за инцидентот.

Инцидентот кулминирал со оштетување на хотелска имот, по што полицијата повторно интервенирала, а против Керол била поднесена пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот