Фото: Принтскрин / јутјуб

Сите се сеќаваме на нејзините хитови „Ноќна кралица“, „На чекор до тебе“: Денеска роденден слави поп-пејачката Ерзана

Ерзана Превала (моминско презиме Бериша) е родена во Скопје на 11 март 1978 година. Таа е наша позната поп-пејачка, која е препознатлива по нејзиниот хит „Ноќна кралица“ со кој настапи на Макфест во 1998 година и ја освои наградата за најдобра изведба.

Живее во Хартфорд, Конектикат, САД, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала.

Ерзана Бериша, настапуваше на повеќе македонски фестивали во минатото, од кои произлегле нејзините хитови. Сите се сеќаваме на „Колекционер“, „На чекор од тебе“, „Илузија“… Исто така и нејзиниот брат Линдон Бериша е музичар што е до ден-денес активен. Нејзиниот единствен албум т.н. „Без зборови“ важеше за еден од најпродаваните во времето кога беше актуелна. Ерзана како женски изведувач за кратко време направи многу за македонската забавна музика.

Нејзиниот албум беше нешто ново и дотогаш нечуено на овие простори. Таа беше една од првите македонски пејачки што направи соработка со странски рапер што пее на англиски јазик — во големиот хит „Колекционер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот