
Сите погрешно сме ги приготвувале колбасите досега: Поранешниот готвач на кралицата Елизабета го откри трикот за совршен вкус
Поранешниот готвач на кралицата Елизабета Втора открил како да го искористиме целиот потенцијал на колбасите.
Препорачано
Познатиот готвач открил дека цело време погрешно сме ги приготвувале колбасите и ги споделил своите стручни совети за да го усовршиме овој процес.
Без разлика дали станува збор за комплетен англиски појадок, со пире или за гулаш, колбасите им се омиленото јадење на многумина со причина – вкусни се и релативно едноставни за приготвување.
За многумина, сè се сведува вадење од пакувањето и ставање во тавче. Но, Џеф Бејкер, кој порано готвел за кралицата Елизабета Втора, открил дека повеќето луѓе прават три чести грешки при приготвувањето на колбаси. Овој наградуван готвач со ѕвезда Мишелин го открил за „Мирор“ својот метод за совршено приготвени колбаси, во пет едноставни чекори…
Како правилно да приготвите колбаси?
Оставете ги колбасите да отстојат 20 минути пред готвењето
Немојте веднаш да ги вадите од фрижидер и да ги ставате во тавата. Наместо тоа, оставете ги да отстојат 20 минути, што ќе им помогне на колбасите рамномерно да се зготват и ќе го спречи пукањето на кожата кога ќе дојдат во контакт со топлото тавче.
Ставете ги колбасите во тава
Користете тешко нелепливо тавче и ставете го на ниска до средна температура. Ова ќе ја спречи кожата да се залепи за тавчето и да испука колбасот.
Додајте лажиче паткина или гускина маст во тавчето
Користејќи паткина или гускина маст, ќе го извлечете најдобриот вкус од вашите колбаси. Вртете ја маста додека дното на тавчето комплетно биде премачкано, а потоа отстранете го вишокот маст.
Оставете ги колбасите да отстојат пред да ги послужите
Правилно зготвените колбаси треба да имаат температура од 70 степени Целзиусови и да бидат цврсти на допир. Иако тоа може да биде предизвик, трикот е во тоа колбасот да отстои неколку минути. Како што ги оставате шницлите да отстојат за да се опушти месото, истото направете го и со колбасот, за да добиете сочни и меки колбаси.
Вообичаени грешки што луѓето ги прават при готвењето колбаси
Ја продупчуваат кожата на квалитетните (поскапи) колбаси
Немојте да го правите тоа! Можеби сте навикнати да го правите тоа кај стандардните колбаси, но кога готвите висококвалитетни колбаси со висока содржина на месо и природна кожа, одбегнувајте да ја продупчувате кожата. Тоа може да доведе до истекување на соковите, што резултира со сув и безвкусен колбас.
Ги пржат во длабоко масло
Фритезите се одлични, но обидете се да ги готвите колбасите во тавче ако тоа е возможно. Користењето фритези може да ја стврдне кожата и да го исуши колбасот.
Немојте да очекувате исти резултати ако ги печете колбасите
Иако е поздраво, печените колбаси немаат ист вкус како испржените во тавче. Печењето ја спречува надворешноста на колбасот да го развие оној вкус што сите го сакаме.