кралица елизабета втора
Фото: EPA-EFE/STRINGER UK AND IRELAND OUT

Сите британски премиери за време на владеењето на кралицата Елизабета Втора

Лиз Трас ќе стане петнаесеттиот британски премиер во 70-годишното владеење на кралицата Елизабета Втора, која ќе ја прими Трас и формално ќе ја назначи за нов претседател на британската владата , по формалната оставка на Борис Џонсон.

Ова е списокот на сите премиери на Велика Британија на кои Кралицата Елизабета Втора им додели мандат.

Елизабета дојде на тронот во 1952 година и за време на на нејзиното седум децениско владеење во Даунинг стрит 10 се сменија вкупно 15 премиери.

Винстон Черчил фото Википедија

Прв на кого му го додели мандатот беше Винстон Черчил (Конзервативец, кој функцијата премиер по војната ја обавуваше од 1951 до 1955);

Черчил, и претходно беше Премиер, за време на Втората светска војна но тогаш за оваа функција доби мандат од таткото на Елизабета, кралот Џорџ шести, кого таа во 1952 година го наследи.

Следува списокот на британските премиери од кога Елизабета Втора го презеде тронот:

Британска полиција пред Даунинг стрит/ Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Ентони Идн (Конзервативец, 1955-1957);

Харолд Мекмилан (Конзервативец, 1957-63);

Алек Даглас-Хоум (Конзервативец, 1963-64);

Харолд Вилсон ( Лабурист , 1964-70);

Едвард Хит (Конзервативец, 1970-74);

Харолд Вилсон ( Лабурист , 1974-76);

Џејмс Калахан ( Лабурист , 1976-79);

Маргарет Тачер / EPA/FABRICE COFFRINI
Маргарет Тачер / EPA/FABRICE COFFRINI

Маргарет Тачер (Конзервативец , 1979-90);

Џон Мејџор (Конзервативец, 1990-97);  Џон Мејџор/ Фото EPA/WILL OLIVER
Фото: Профимедиа

Тони Блер ( Лабурист , 1997-2007);

фото EPA-EFE/WILL OLIVER

 

Гордон Браун ( Лабурист , 2007-2010);

Дејвид Камерон/ Фото: МИА

Дејвид Камерон (Конзервативец, 2010-16);

Тереза ​​Меј (Конзервативец, 2016-19);

Борис Џонсон/ Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Борис Џонсон конзервативец, 2019-22).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот