Сирски признава дека ситацијата на фронтот е тешка, иако Украина ги одбива руските напади

Олександр Сирски / Фото Ukrinform / Avalon / Profimedia

Украинските сили ги потиснаа руските војници од селото Орливка, западно од Авдеевка, но ситуацијата на источниот фронт и понатаму е тешка, изјави врховниот командант на украинската армија Олександр Сирски, пренесоа британските медиуми.

Орливка се наоѓа на помалку од два километри северозападно од Ласточкине, населба неодамна окупирана од руските сили.

Минатата недела руските сили го зазедоа стратешкиот украински град Авдеевка по повеќемесечна офанзива и напредуваат во неколку други области долж линијата на фронтот, соопштија украинските власти.

Оваа недела, украинската војска соопшти дека се повлекла од две села во близина на Авдеевка, губејќи повеќе територии поради недоволната поддршка од западните сојузници.

-Непријателот продолжува со активните офанзивни акции во многу области на линијата на фронтот. Ситуацијата е особено напната околу Авдеевка и Запорожје, рече Сирски на Телеграм.

Тој изјави дека руските јуришни единици се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана и да ги освојат селата Тоненке, Орливка, Семенивка, Бердичи и Краснохоривка. Сирски, кој ги посети трупите на источниот фронт, рече дека некои команданти откриле одредени недостатоци во нивната „ситуациска свест и проценка на непријателот“, што директно влијае на отпорноста на одбраната во одредени области.

-Ги презедов сите мерки за корекција на состојбата на терен, со обезбедување дополнителна муниција и материјални средства, како и потребните резерви, рече Сирски.

Украинското воено воздухопловство денеска соопшти дека соборило уште еден руски ловец-бомбардер Су-34, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на командантот на воздухопловните сили Микола Олешчук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот