СИПРИ: Големите сили го обновуваат своето атомско оружје, расте нуклеарна опасност

Меѓународниот институт за истражување на мирот СИПРИ со седиште во Стокхолм, Шведска, соопшти дека државите што поседуваат нуклеарно вооружување и покрај многуте договори за разоружување во кои членуваат, сепак продолжиле да ги модернизираат своите арсенали а особено Кина. Овие заклучоци на СИПРИ следат откако Владимир Путин објави дека ќе распореди тактички нуклеарни ракети во Белорусија што фрли светлина врз загрижувачките случувања во рамнотежата на нуклеарното оружје во светот.

Деталното истражување на Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм, СИПРИ, објаснува дека бројот на оперативни нуклеарни оружја е во пораст во светот, со знаци дека целокупната нуклеарна опасност за глобалната безбедност расте.

Според вишиот соработник на СИПРИ, Ханс М. Кристенсен, Кина започнала значително проширување на својот нуклеарен арсенал.

„Сè потешко е да се усогласи овој тренд со декларираната цел на Кина да има само минимални нуклеарни сили потребни за одржување на нејзината национална безбедност“, рече тој.

Инаку бројот на оперативно нуклеарно оружје во арсеналот на големите воени сили повторно е во пораст, а аналитичарите предупредуваат дека светот „влегува во еден од најопасните периоди во човечката историја“, пишува Гардијан.

Во моментот на влошување на меѓународните односи и ескалација на нуклеарната закана, се проценува дека во овој момент во светот има околу 12.512 боеви глави, од кои 9.576 се во воени залихи и подготвени за потенцијална употреба, што е за 86 повеќе од една година споредбено со минатото.

Извештај на СИПРИ

СИПРИ сугерира дека 60 нови боеви глави се во арсеналот на Кина, а ново оружје имаат и  Пакистан (пет), Северна Кореја (пет) и Индија (четири).

Зголемувањето на бројот на нуклеарни боеви глави беше регистрирано и покрај декларацијата од 2021 година на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција – дека „нуклеарна војна не може да се добие и дека таков конфликт никогаш не смее да се случи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!