Фото: Brentford FC/Twiitter

Синот на Дејвид Бекам потпиша за клуб од Премиер лигата

Синот на легендарниот Дејвид Бекам, Ромео потпиша договор со Брентфорд и ќе игра во вториот тим на премиерлигашот.

Голем дел од спортската јавност смета дека овој потег на Брентфорд е повеќе поради маркетинг отколку поради квалитетот кој го поседува Ромео.

Досега 20-годишниот Ромео играше за Интер Мајами на неговиот татко и тоа за вториот тим на клубот од МЛС.

„Со задоволство можеме да потврдиме дека го доведовме Ромео Бекам од Интер Мајами до крајот на сезоната на позајмица“, соопштија од Брентфорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!