
Синот на Бајден присуствуваше на инаугурацијата и покрај истрагата која се води против него
Хантер Бајден, синот на новиот американски претседател Џо Бајден, присуствуваше денеска на церемонијата за инаугурација, и покрај сојузната истрага која се води против него поради сомнителни трансакции во странство.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Како Џо Бајден од најсиромашен сенатор стана претседател на САД
Хантер пристигна на инаугурацијата во придружба на својата сопруга и малолетен син.
Тој призна дека против него е покрената истрага, но објасни дека сите свои бизниси ги водел легално.
– Оваа работа ја сфаќам многу сериозно, но убеден сум дека професионалното и објективно разгледување на ова прашање ќе покаже дека своите бизниси сум ги извршувал легално и на соодветен начин, истакна Хантер неодамна.
Бизнисите на Хантер во странство и евентуалната вмешаност на неговиот татко во истите, беа предмет на претседателската кампања во 2020 година, откако е откриено дека од неговиот лаптоп биле испраќани мејлови на една кинеска компанија.
ФОТО | Трагичната животната приказна на Џо Бајден: Мојата сопруга Џил е мојот најсилен адут!