Фото: МПЦ

Синодот денеска ќе го назначи новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска ќе одржи седница за избор на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, која остана без прв човек, откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј.

Седницата е закажана за 10 часот, а засега единствен кандидат за оваа висока црковна позиција е јеромонахот Георгиј, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Поранешниот декан на Богословскиот факултет Ѓоко Ѓорѓевски се замонаши на 27 мај, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах.

Одлуката за избор се носи со просто мнозинство. Во црковните редови има 12 владици, кои управуваат со епархии, така што за избор на идниот митрополит ќе бидат доволни седум гласови. Ако соодносот на гласовите е 50-50, пресудува гласот на архиепископот.

Минатата недела беа одржани мирни собири на верниците, во Охрид, Скопје и во Кичево, кои се залагаат за изборот на епископот антаниски Партениј за нов охридски владика.

Православни верници утре на протест поради изборот на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот