Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Синер со пресврт го победи и Ечвери и обезбеди осминафинале во Шангај

Првиот тенисер на АТП листата, Јаник Синер со пресврт славеше победа против Томас Мартин Ечвери со 2:1 во сетови и така си обезбеди место во осминафиналето.

Аргентинецот одлично го започна натпреварот и го освои првиот сет по тај-брејкот во кој беше подобар со 7:3. Но, Синер потоа се разбуди и се разигра во следните два сета за целосен пресврт.

Во петтиот гем, Синер направи брејк за водство од 3:2, додека Ечвери го зоврати ударот и израмни на 3:3. Синер до крајот на сетот сепак стигна до уште еден брејк, па го освои сетот со 6:4.

Третиот сет помина во доминација на Синер кој му дозволи на Ечвери само два гема. Противник на Италијанецот во осминафиналето ќе му биде подобриот од мечот помеѓу Бен Шелтон и Роберто Карбаљес Баена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот