Избори Романија 2025 / Фото: EPA-EFE/BOGDAN CRISTEL

Симион прогласи победа, иако Дан води – мртва трка на претседателските избори во Романија

Според официјалните податоци на Изборната комисија на Романија, врз основа на преброените гласови од 89 проценти од избирачките места, во вториот круг од претседателските избори, независниот кандидат и градоначалник на Букурешт, Никушор Дан, води со 53,6 проценти од гласовите.

Неговиот противник, десничарот Георге Симион, има 46,4 проценти поддршка од романските гласачи.

Први излезни анкети во Романија: Дан пред Симион со 54,1 процент од гласовите

Сепак, само 19,3 проценти од гласовите беа преброени во дијаспората, а Симион води со 52,1 процент.

Симион напиша на својот Икс профил дека тој е новиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот