Фото: Твитер

Силно невреме ја погоди Србија: Паѓа град со големина на орев (ФОТО + ВИДЕО)

После Сјеница, Нови Пазар, областа на Крушевац и Ниш, невреме со дожд и град се очекува и во Пирот.

Поголем дел од Србија попладнево ја погоди големо невреме проследено со силен дожд и крупен град. Некои делови од државата сепак биле поштедени од бурата, а меѓу нив и Белград.

Град со големина на орев паѓаше во Сјеница, на југозападот од Србија, а социјалните мрежи се преплавени со фотографии од невремето.

После Сјеница, Нови Пазар, областа на Крушевац и Ниш, невреме со дожд и град се очекува и во Пирот.

Метеоролозите предвудуваат дека утре е можен голем пораст на водостојот на реките како Колубара, Западна Морава, Бел и Црн Тимок, Млав и Пека.

Невреме ја погоди и Врњачка бања:

Невремето предизвика големи штети на раноградинарските култури, овоштарниците како и материјални штети врз објекти за домување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот