Силјановска-Вучиќ, Прохор Пчињски Фото: кабинет претседател

Сиљановска порача дека логично е да го славите денот онаму кадешто се случил, Вучичќ возврати да се чувствува како дома

Претседателката Гордана Сиљановска, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска го посети манастирот „Св. Прохор Пчински”, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

Сиљановска Прохор Пчињски Фото: Кабинет претседател

Во манастирот „Св. Прохор Пчински” претседателката Сиљановска Давкова беше пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што двајцата претседатели, во придружба на митрополитот врањски г. Пахомије, го разгледаа манастирскиот комплекс.

Претседателката Сиљановска Давкова и претседателот Вучиќ остварија билатерална средба на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји.

 Во изјава за медиумите претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за гостопримството, истакнувајќи го историското значење на манастирот „Св. Прохор Пчински” и АСНОМ, и оцени дека билатералните односи меѓу двете држави се добрососедски во вистинска смисла на зборот, односи зад кои стои желба за солидарност, за помош и за трајна соработка.

Сиљановска-Вучиќ Фото: Кабинет Претседател

-Благодарност за разбирањето, бидејќи навистина логично е да го славите денот онаму кадешто се случил. Такви денови има и Србија, споменици, и мислам дека истото треба и ние да продолжиме да го правиме. Можеби еден ден мислам дека е најдобро да го регулираме овој однос со потпишување на еден договор. Тогаш навистина ќе дадеме еден добар пример. Јас сум, како што знаете голем заговорник на регионалната соработка. Убедена сум дека ако не се разбираме едни со други и ако не си помагаме, не можеме да очекуваме да бидеме разбрани од останатите. Затоа, треба да сториме се да ги решаваме проблемите меѓу себе, да не дозволуваме на зелени маси да се решаваат, затоа што не случајно живееме едни крај други-  рече претседателката Сиљановска Давкова, која се заблагодари и за помошта од Србија во гаснењето на пожарите.

 

 

 

Вучиќ рече дека со Сиљановска Давкова разговарал за проблемите, но и за можностите.

-Сиљановска-Давкова е секогаш добредојдена. Ви благодариме што ја посетивте нашата земја, чувствувајте се како дома – рече Вучиќ за својата колешка, посакувајќи и успешна работа во наредните години.

„Сигурен сум дека Србија и Северна Македонија ќе ги развиваат понатамошните односи меѓусебно и дека ќе работиме на проектите. На сите во Србија им честитам на Македонците голем празник и нека слават уште многу години – рече Вучиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот