Сиљановска помилувала и осуденик што барал Уставен суд да го укине Законот за СЈО

Во листата помилувани осуденици на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, се нашол и човек што барал Уставниот суд да го укине законот за Специјално јавно обвинителство, објави Фокус. Не е познато за кое кривично дело бил осуден, уште колку време му останувало за доиздржување на казната, но кратењето на казната било за период од 3 месеци.

Пред неколку години тој заедно со Тодор Петров повел иницијатива пред Уставниот суд за укинување на Законот за СЈО. Таа иницијатива била отфрлена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот