Гордана Сиљановска Давкова на одбележувањето на 80 години од ослободувањето на логорот Аушвиц

Сиљановска Давкова повика на организирани посети на Треблинка: Евреите се дел од нашиот идентитет

„Не смее да има дете, млад човек, возрасен што не знае за холокаустот, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која вечерва присуствуваше на одбележувањето на 80-тата годишнина од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на полскиот град Освиенцим, близу Краков.

„Ниту едно зло не треба да се избрише, ниту едно зло не смее да се заборави“, изјави Давкова.

Претседателката потсети и на трагичната судбина на македонските Евреи, кои завршиле во логорот Треблинка и повика да се воспостави традиција на организирани посети на логорот.

„Тие се дел од нашиот идентитет и треба да воспоставиме традиција на посета на Треблинка за да им оддадеме почит, за почитта да стане дел од нешто што ќе го практикуваме и ќе потсетуваме велејќи дека не само што не веруваме дека такво нешто ќе се случи, туку ќе покажеме дека додека сме живи и оние по нас никогаш, никој не смее да дозволи такво нешто да се случи“, додаде Давкова.

На комеморативниот настан, кој се одржа на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, присуствуваа педесетина шефови на држави и Влади од целиот свет, високи владини претставници, претставници на меѓународни организации, како и преживеани лица од Аушвиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот