Сиљановска Давкова попладнево во Рим на средба со италијанскиот претседател Матарела

Гордана Сиљановска Давкова/Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Со посета на базиликата „Свети Климент“, каде се наоѓа гробот на Свети Кирил и на базиликата „Санта Марија Марџоре“ денеска во Рим продолжува посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.

Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свeти Кирил“, а денеска во базиликата „Свети Климент“ традиционално како и секоја година ќе се одржи молебен на гробот на Свети Кирил. Молебенот ќе го водат митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј и митрополитот Европски, Пимен.

За попладнево е предвидена средба на Сиљановска Давкова со нејзиниот италијански колега, Серџо Матарела.

Претседателката, посетата на Рим и Ватикан, која е нејзина прва посета во странство по стапувањето на  функиција, официјално ја започна вчера со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Таа по средбата изјави дека со папата разговарале за поддршката на Ватикан за процесот на евроинтеграција на земјава, но и на целиот Западен Балкан, како и актуелните случувања во светот, но и за претстојната конференција за Украина во Швајцарија, каде Ватикан ќе присустува како набљудувач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот