Фото: FK Sileks

Силекс доведе четири засилувања и го комплетираше тимот за новата сезона

Екипата на Силекс го затвори летниот преоден рок со ангажман на четворица нови фудблаери, со што стручниот штаб на Васоски добива дополнителна длабочина во ростерот.

Најискусен меѓу новајлиите е 25-годишниот Зоран Андов, кој во Кратово доаѓа од редовите на Брера Струмица. Станува збор за офанзивец кој настапува на крилните позиции.

Во средниот ред пристигнува 24-годишниот Стојче Стојов, кој досега го носеше дресот на Осогово. Нов голмански адут на Силекс е 22-годишниот Кристијан Ѓорѓиевски, кој доаѓа од Вардар Неготино, додека последен на списокот на засилувања е 20-годишниот Лука Јакмовски кој присигнува од Вардарски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот