фото: EPA-EFE

Сијарто: Унгарија ги одбива антиизраелските мерки на ЕУ и гради стратешки сојуз со Израел

Унгарија нема да прифати антиизраелски мерки, препорачани од Европската унија, и ќе продолжи да гради стратешки сојуз и пријателство со Израел, порача денеска на социјалната мрежа Фејсбук шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.

„Јоси Даган, претседателот на Регионалниот совет на Самарија, ме посети од Израел. Разговаравме за безбедносната ситуација на Блискиот Исток и со жалење констатиравме дека антиизраелските чувства и понатаму се силни во западниот дел на Европа. Една од последиците на тоа е што Брисел постојано им препорачува антиизраелски мерки на своите земји-членки. Ние продолжуваме да ги прифаќаме овие факти и работиме на градење стратешки сојуз и пријателство со Израел“, рече шефот на унгарската дипломатија.

Тој додаде дека опсежно разговарале за состојбата на христијанските заедници на Блискиот Исток и се согласиле дека заштитата и обезбедувањето на нивната безбедност е важна заедничка задача.

Во Газа убиен 31 Палестинец вклучувајќи тројца кои чекале помош

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!