Петер Сијарто / Фото EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Сијарто го поздрави отстранувањето на членството на Украина од агендата на самитот на НАТО

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, го поздрави „отвореното и јасно“ отстранување на членството на Украина во НАТО од агендата на самитот во Хаг, како и фактот дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не беше поканет на официјален состанок, туку само на неформална вечера.

„Убеден сум дека со отстранувањето на членството на Украина во НАТО од агендата, светот стана побезбедно место. Бидејќи ако Украина стане членка на НАТО, тоа би резултирало со директна конфронтација меѓу Северноатлантската алијанса и Русија, а таквата директна конфронтација очигледно би била еквивалентна на избувнување на третата светска војна“, додаде Сијарто.

Сијарто рече дека ова е прв пат од 2022 година самитот на НАТО да не е фокусиран на поголема поддршка за Украина, туку на зајакнување на колективната одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот