Четворица ранети се во критична состојба - Фотографија Профимедија

Си играле со бомба на забава во Книн – еден загинал, четворица се тешко ранети

Дваесет и петгодишно момче загинало, а уште четири лица се тешко ранети при експлозија на рачна бомба на забава во градот Книн во Хрватска.

Бомбата „м-75“, според првичните наоди од истрагата, на забавата ја донел едно од момчињата, а се активирала во рацете на негов врсник, идентфикуван како М.П.

Тешко се ранети две момчиња на возраст од 23 и 25 години, девојка на возраст од 21 година и уште една малолетна девојка, која во критична состојба е префрлена во болница во Сплит.

Директорката на Општата болница „Хрватски понос“ во Книн изјави дека повредите на младите луѓе се многу тешки. Едно лице било итно оперирано, а другите со рани во градниот кош се на интензивна нега, со цел да бидат префрлени на понатамошно лекување во Сплит кога ќе им се стабилизира состојбата.

Полицијата апелираше до граѓаните што чуваат или кријат оружје и експлозив во своите домови итно да ги предадат, без да се соочат со какви било казни или мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот