Италијанската тенисерка Џасмин Паолини „Ролан Гарос“ во Париз, Франција/фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Швјонтек и Паолини за титулата на „Ролан Гарос“

Во женска конкуренција ги дознавме двете финалистки кои ќе играат во големото финале на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, Франција.

Полската тенисерка Ига Швјонтек и прва носителка со 6:2 и 6:4 триумфираше во полуфиналната фаза против Американката Коко Гоф.

За 23-годишната Швјонтек ова беше 18-та последователна победа на последните три турнири сезонава и 20-та по ред на терените на „Ролан Гарос“, каде последен пат беше поразена во четвртфиналето во 2021 година.

Во второто полуфинале Италијанката Џасмин Паолини за еден час и 15 минути игра со 2:0 во сетови 6:3 и 6:1 ја совлада Русинката Мира Андреева.

Италија дефинитивно живее за тенисот овие денови, претходно кај мажите Јаник Синер стана првиот Италијанец на врвот на АТП листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот