фото: ЖФК Љуботен

Шведскиот Розенгард пресилен за ЖФК Љуботен во Лигата на шампионите

Денеска во полуфиналето од втората квалификациска рунда во женската Лига на шампионите, на турнирот во Геверле, Белгија, македонскиот фудбалски првак ЖФК Љуботен загуби убедливо со 5:0 од Розенгард.

Мируваа мрежите до 44 минута кога нигериската фудбалерка на шведскиот клуб Имо донесе предност за својата екипа од пенал.

На стартот од второто полувреме за зголемување на предноста се погрижи Сјостром (52`), а по втор пат во листата на стрелците на мечот се запиша Имо (59`).

Во следната минута тренерот на ЖФК Љуботен Егзона Јашари доби црвен картон. Во 80 минута за 4:0 стрелаше Ларсон, а конечниот епилог го постави истата фудбалерка во судиското надополнување (90+1`).

ЖФК Љуботен на турнирот во Геверле ќе игра за третото место против СКФ Сараево од Босна и Херцеговина или белгискиот Леувен. Победникот ќе обезбеди пласман во новоформираниот Европа Куп на УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот