Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Шведската премиерка Андерсон призна пораз на изборите, на власт доаѓаат радикални десничари
Социјалдемократската премиерка на Шведска, Магдалена Андерсон, го призна поразот на изборите, предавајќи го раководството на земјата на десничарскиот блок од четири партии.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сите гласови сè уште не се преброени, но Андерсон, која минатата година стана првата премиерка на Шведска, рече дека резултатите покажале оти десничарскиот блок победил.
„Затоа, утре ќе побарам од претседателот на Парламентот да ја напуштам мојата функција”, рече премиерката на прес-конференција.
Умерените, Шведските демократи, демохристијаните и либералите треба да имаат 176 претставници во 349-члениот парламент по изборите. Левиот блок освои 173 места, покажуваат некомплетните резултати.
Изборите претставуваат пресвртница во шведската политика бидејќи антиимигрантската партија Шведски демократи, игнорирана од сите други партии откако влегоа во парламентот во 2010 година, треба за првпат да станат дел од владата.
Тие се на пат да освојат 20,6 отсто од гласовите и со тоа да станат најголемата десничарска партија, надминувајќи ги Умерените кои имаат 19,1 отсто.
Иако партијата на Улф Кристерсон е послаба во однос на резултатите, лидерот на Шведските демократи Џими Акесон нема способност да ја собере широката поддршка потребна за соборување на социјалдемократите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
32мин
-
48мин
-
53мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5