Шведска ден на жалост / Фото EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

Шведска ќе одвои 36 милиони долари за зајакнување на своите засолништата од бомби

Шведската Влада денеска соопшти дека ќе одвои 385 милиони круни (36 милиони долари) за зајакнување на своите засолништата од бомби, службите за итни случаи и цивилната одбрана, откако беше издадено предупредување дека земјата треба да биде подготвена за војна.

Министерот за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин рече дека Шведска, која се приклучи на НАТО минатиот месец, ќе ги искористи средствата за зајакнување на способноста на спасувачките служби да функционираат за време на конфликти, потоа за зајакнување на сајбер безбедноста и помош на здравствениот систем во правењето залихи на лекови.

Парите исто така ќе бидат наменети за обновување на засолништата, залихите со вода за пиење и транспортна инфраструктура.

„Безбедноста долго време се влошува“, изјави Болин за новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот