Шведскиот премиер Улф Кристерсон/Фото: Belga / ddp USA / Profimedia

Шведска ќе испрати воени бродови во Балтичкото море

Шведска ќе учествува во операцијата на НАТО за заштита на подморничките кабли во Балтичкото Море , најави шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Тој рече дека неговата земја „ниту е во војна, ниту е во мир“, објави Гардијан.

Премиерот на Шведска потврди дека неговата земја ќе испрати три воени бродови и еден набљудувачки авион. НАТО ја зајакнува заштитата на инфраструктурата во Балтичкото Море откако неодамна беа оштетени неколку подводни кабли во, како што веруваат сојузниците, може да биде чин на саботажа.

„Не може да се исклучат непријателски намери со оглед на тоа дека на Балтичкото море се случуваат необични работи, кои Шведска и соседните земји повеќе нема да ги толерираат“, изјави шведскиот премиер.

Кабелот за струја што ги поврзува Финска и Естонија и неколку други комуникациски кабли беа оштетени во Финскиот залив кон крајот на декември. Финските истражни органи се сомневаат дека нафтениот танкер „Игл С“, кој пловел под знамето на Куковите острови, намерно ја предизвикал штетата и истражуваат можна саботажа.

Европската унија смета дека овој танкер припаѓа на руската „флота во сенка“ која ги заобиколува санкциите воведени поради руската инвазија на Украина. Во средината на ноември беа оштетени уште два поморски кабли, едниот меѓу Финска и Германија, а другиот меѓу Шведска и Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!