Мартин Шулц, поранешен претседател на ЕП/Фото: Wiktor Dabkowski / DPA / Profimedia

Шулц: ЕУ не испорача почеток на преговорите со Северна Македонија заради „предавството“ на Франција

„Преспанскиот договор и улогата на Алексис Ципрас и Зоран Заев и неговите тимови се историски. Решија проблем кој на граѓаните им обезбеди мирно решение и отворија просперитет за идните генерации, но ЕУ не испорача почеток на преговори со Северна Македонија заради политичкото предавство на Франција“, истакна Мартин Шулц, претседател на Фондацијата Фридрих Еберт.

Поранешниот претседател на Европскиот Парламент имаше видео обраќање на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина по повод 6 години од Преспанскиот договор во организација на Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Заев.

„Двете држави постигнаа историски договор, а јас бев засрамен што ЕУ не испорача, како што беше ветено, дека ќе ги започне преговорите со Северна Македнија штом ќе се потпише договорот“, истакна Шулц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!