Каја Шукова / Фото: ТВ 24

Шукова: Излегувањето на Таравари од власта ќе значи парламентарна криза

Каја Шукова од СДСМ вечерва во „24 анализа“ на ТВ „24“ рече дека излегувањето на Таравари од владата ќе значи парламентарна криза. Според неа, потребен е сериозен политички пристап на оваа тема. Таа зборуваше и за тоа дека во СДСМ се спремни и за предвремени парламентарни избори.

„Се зборува за две опции. Излегувањето на Таравари ќе значи парламентарна криза. Албанскиот блок ќе остане со осум пратенци бидејќи Таравари има пет. Ќе треба сериозно да се гледа на оваа тема и се надеваме дека ќе се донесе одлука. Треба да се реагира побргу. Ние не сме дел од тој дијалог но треба да се реагира. Битно е да се покаже политичка зрелост, ние не го гледаме тоа“, рече Шукова.

Таа објасни и дека нејзината партија е подготвена.

„Нашиот став е дека ние сме спремни за предвремени парламентарни избори паралекно со локалните, ако има таква ситуација. За политичкиот легитимитет ќе кажат граѓаните на локални избори. Се пласираат анкети кои не се реални, не ја покажуваат состојбата. Локалните избори ќе покажат, ние се спремаме со сериозни кандидати и не користиме наративи како ВМРО-ДПМНЕ дека ќе имаме најголема победа“, додаде Шукова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот