
Штрајкови ја тресат Германија – во понеделник најавена блокада на 11 аеродроми
Еден од најголемите европски аеродроми, франкфуртскиот, ќе биде затворен во понеделник, откако синдикатот „Верди“ повика на штрајк на вработените на 11 аеродроми, јавуваат германските медиуми.
Препорачано
Предупредувачкиот штрајк ќе ги затвори на 24 часа аеродромите во Франкфурт на Мајна, Минхен, Берлин, Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Хановер, Бремен, Хамбург и Лајпциг-Хале, најави синдикатот.
Тоа е следната фаза на ескалација во спорот околу платите меѓу федералната влада и локалните власти, а за кој следната рунда преговори е закажана за средината на март. Тој засега се манифестира како бран на предупредувачки штрајкови. 24-часовниот штрајк треба да започне на полноќ во недела навечер и да трае до 23:59 часот.
Работниците во германските болници и домовите за стари лица, како и во градинките и другите социјални установи штрајкуваа неодамна .
Голем дел од персоналот на споменатиот и поранешен градски аеродромски оператор „Фрапорт“ сè уште се платени според договорите за плати во јавниот сектор, јавуваат германските медиуми.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
16мин
-
32мин
-
51мин
-
52мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5