Фото: Pexels / Lum3n

Што сѐ може да насети вашето куче?

Кучињата го доживуваат светот поинаку од луѓето, потпирајќи се на нивните зголемени сетила. Нивниот остар вид, сетилото за мирис и слухот им овозможуваат да ги препознаат емоциите, физиолошките промени, болестите и факторите на околината.

Еве што се може да претчувствува вашето куче:

Емоции

Кучињата се исклучително чувствителни на човечките емоции бидејќи препознаваат промени во тонот на гласот, јазикот на телото и мирисот. Ако сопственикот дојде дома со насмевка, кучето среќно ќе замавне со опашката и ќе побара да се гали. Но, ако личноста влезе тивко и избегне контакт, кучето ќе ја забележи промената и ќе се повлече, објаснува професионалниот тренер на кучиња Ерика Леса.

Бременост

Иако не постојат научни докази кои потврдуваат дека кучињата можат да претчувствуваат бременост, многу сопственици забележуваат промени во однесувањето на нивните миленици за време на бременоста. Бидејќи кучињата можат да ги почувствуваат хормоните и феромони, многу е веројатно дека ќе препознаат суптилни промени во телото на бремената жена.

Страв

Кучињата инстинктивно го препознаваат стравот кај луѓето преку мирисот, говорот на телото и изразите на лицето и можат да го рефлектираат, што може да предизвика одговор на борба или бегство. Едно истражување ги испитувало реакциите на кучињата откако биле изложени на мирисот на пот од среќна и исплашена личност. Кучињата покажале повеќе социјално однесување по „среќниот“ човек, додека по мирисот на исплашената личност поголема е веројатноста да избегнуваат контакт.

Негативни луѓе

Негативноста е повеќе став отколку емоција, така што може да има помало влијание врз кучињата. Но, ако негативноста предизвикува стрес и вознемиреност кај некоја личност, тогаш емоциите можат да влијаат на кучето. Емоционално непредвидливите луѓе испуштаат хемиски сигнали што кучињата можат да ги почувствуваат, што им помага да препознаат потенцијално небезбедни ситуации, објаснуила Леса.

Болест

Кучињата се познати по нивната способност да препознаваат болести преку мирис. Најголемиот показател за болеста е обично промената на мирисот на телото. Кучињата можат да детектираат метаболички промени во нашиот здив и кожа. Неодамнешните студии покажаа дека кучињата успеале успешно да го препознаат ковид-19 во 94 проценти од случаите.

Рак и дијабетес

Истражувањата покажуваат дека кучињата можат да откријат рак и дијабетес преку мирис, препознавање на заболеното ткиво и хипогликемија кај дијабетичарите. Тие се особено осетливи на откривање на меланом – некои кучиња инстинктивно ја душкаат истата точка на кожата на нивниот сопственик, што подоцна доведува до дијагноза.

Временските промени

Бурите го менуваат атмосферскиот притисок и електростатското полнење, а падот на притисокот ги задржува мирисите поблиску до земјата, дозволувајќи им на кучињата да ги почувствуваат промените во времето. Статичкиот електрицитет во нивното крзно може да предизвика благи удари при движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот