Далновод / Фото: EPA

Што покажаа истрагите на Европската мрежа на оператори за јунскиот регионален дефект и затемнувањето

Регионалниот дефект во електроенергетскиот систем, кој на 21 јуни доведе до прекин на електричната енергија во речиси цела Црна Гора, делови од Хрватска, Босна и Херцеговина и Албанија, е предизвикан од прекин на два далноводи со разлика од 13 минути, објави Европската мрежа на електропреносни системи за оператори на енергија (EНТСО-E), пренесува „Вијести“, информира Н1.

„Истрагите кои досега беа спроведени доведоа до следнава серија настани: Во 12:09 часот поради краток спој беше исклучен 400 kв далновод Рибаревина – Подгорица 2 во Црна Гора. По овој дефект, оптоварувањето на неколку други линии беше зголемено без да се создаде преоптоварување на мрежата и без проблеми со напонот или фреквенцијата. Во 12 часот и 22 минути поради краток спој беше исклучен 400 kв далновод Земблак – Кардија меѓу Албанија и Грција.

И двата настана на прекин резултираа со инцидент со неколку прекршувања на системот во однос на оптоварувањето и напонот на линијата. По ова второ исклучување, напонот во југоисточниот дел на континентално-европскиот електроенергетски систем почна забрзано да опаѓа“, соопшти ЕНСТО-Е, пренесува Вијести.

„Каскадното исклучување на далноводите брзо доведе до пад на напонот и прекин на напојувањето со електрична енергија во погодената област. Напоните продолжија да паѓаат на нула, додека од другата страна на одвојната линија се вратија во нормала“, соопшти ЕНТСО-Е по состанокот на заедничкиот експертски панел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот