
Што покажа израелскиот напад врз Катар и какви се последиците?
Нападот на Израел врз станбена населба во Катар, каде што се наоѓа најголемата американска воена база на Блискиот Исток, му нанесе дипломатски удар на американскиот претседател Доналд Трамп.
Препорачано
Нападот, како што пишува Си-ен-ен, очигледно го наруши суверенитетот на клучен американски сојузник и ги доведе во прашање преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кои беа посредувани од Катар.
Трамп нагласи дека одлуката за напад не била негова и дека веднаш го информирал катарскиот лидер.
„Не сум воодушевен од целата ситуација“, рече тој додека заминуваше на вечера во Вашингтон.
Според експертите, инцидентот дополнително му наштети на неговиот меѓународен кредибилитет и позиција како преговарач.
BREAKING: Trump posts about Israeli bombing of Qatar pic.twitter.com/kDd0Qu8SJ0
— The Spectator Index (@spectatorindex) September 9, 2025
Израелските акции во Газа и на Западниот Брег, кои вклучуваат масовни убиства и уништување на инфраструктурата, дополнително ги зголемија тензиите во регионот. Над 64.000 Палестинци, повеќето од нив цивили, ги загубија животите, додека илјадници згради беа уништени. Експертите проценуваат дека нападите испраќаат јасна порака дека Израел дејствува без оглед на интересите на САД и меѓународните норми, пишува Нова.рс.
Од перспектива на Катар, нападот претставува предавство на долгогодишните дипломатски ангажмани, а американската база во земјата дополнително ја комплицира ситуацијата.
„Ова дополнително ќе ги затегне односите меѓу Катар и САД“, предупредува експертот за национална безбедност Глен Карл.