
Што откриваат лапсусите: Како јазичните грешки го разголуваат несвесното според Фројд
Нашите зборови, постапки, па дури и наизглед случајните гестови, не се толку случајни како што мислиме. Тие се под влијание на дел од психата кој не го контролираме целосно – несвесното. Токму оваа идеја, поставена од таткото на психоанализата, Зигмунд Фројд, и денес го задржува своето значење, поткрепена од современи истражувања во невронауката, пишува „Сенса“.
Препорачано
Во продолжение ви ги претставуваме петте клучни психоаналитички техники на Фројд, со кои можете да ја „снемирите“ свеста и да погледнете подлабоко во човековата потсвест – и својата и туѓата.
1. Лапсусот не е случаен
Фројд тврдел дека грешките во говорот, кои тој ги нарекувал парапраксиси, се вистински прозорци кон потиснатите желби и внатрешни конфликти. Ако некој соговорник направи лапсус додека изговара име, поим или израз, можеби не е само грешка. Поставете прашање: „Зошто токму тој збор?“ – одговорот може да открие многу повеќе отколку што мислиме.
2. Слободни асоцијации – патот до длабоки доживувања
Една од најпознатите фројдовски техники е поттикнувањето на личноста слободно да зборува, без филтри. Целта е преку нишката на мисли да се дојде до потиснати чувства. Прашајте ја личноста која ѝ е првата асоцијација на зборот „детство“ – изненадувачките или емотивно набиени одговори често водат до суштински внатрешни наративи.
3. Метафори и соништа – симболите на потсвеста
Фројд сметал дека соништата, шегите и метафорите се кодирани пораки од несвесното. Ако некој често вели „се чувствувам како да се давам“, тоа не е случајна фраза – туку потенцијален сигнал за емоционално оптоварување. Прашете: „Што за тебе значи тој осет?“ – одговорот може да биде клучен.
4. Трансфер – кога луѓето ги пренесуваат емоциите врз вас
Во терапијата, Фројд забележал дека пациентите често ги пренесуваат чувствата кон значајни личности (родители, партнери) врз психоаналитичарот. Во секојдневниот живот, ова се случува кога некој нов познаник без причина ве фасцинира – или напротив, ве иритира. Запрашајте се: „На кого од минатото му наликувам?“ – ова може да разграничи проекција од реален суд.
5. Одбранбени механизми – што се крие зад иронијата
Психата, според Фројд, развива механизми за самозаштита. Сарказмот, на пример, често е маска за несигурност. Ако колега се пошегува на ваш грб, наместо да се навредите, прашајте: „Што точно мислиш за мојот проект?“ Зад иронијата можеби стои страв, завист или неисполнета амбиција.
Истражувањата покажуваат дека дури 95 отсто од нашите одлуки ги носиме несвесно. Затоа кога некој ќе рече „случајно го кажав тоа“, веројатно говори вистина – барем од гледна точка на мозокот. Несвесното никогаш не спие, а телото и говорот често го издаваат она што умот сака да го сокрие.