Што може да се очекува ако се воведе кризен данок како во 2001?

Прогресивен данок, но за богатите кои за време на пандемијата станаа уште побогати,  намалување на пероснален данок во одредени сектори кои најмногу настрадаа од короната, но и воведување на кризен данок, се можностите што ги навести вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Но, што всушност значеше кризниот данок од 2001 година, на кој потсети Битиќи? Доколку се воведе таков данок може да се очекува оданочување на секоја трансакција, но не и на подигање плата, пензија или заштеда.

Имено, во 2001 година се донесе Закон за данок на финансиски трансакции, кој требаше да обезбеди дополнителни приходи за справување со тогашната кризна состојба. Данокот беше 0,5 проценти, освен за готовински исплати, за кои беше 1 процент. Го плаќаа сите граѓани и првни лица, а предмет на оданочување беа: сите готовински и безготовински исплати и уплати преку носителите на платниот промет, банки и други финансиски институции, освен за плати, пензии и други лични примања од штедна книшка, или тековна сметка на граѓаните.

Со овој кризен данок се оданочуваа и припишана камата, купопродажба на девизи, отворен акредитив, издаден инструмент за обезбедување од банка, одобрен кредит, полиса за осигурување и тргување со хартии од вредност.

Овој закон се применуваше од 1 јули до 31.12.2001 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот