
Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?
Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.
„Hustle“ – филм на Нетфликс
Откако еден несреќен кошаркарски тренер открива извонреден играч во странство, тој го враќа феноменот назад без одобрение од својот тим.
Жанр: спорт/комедија / „IMDB“ оценка: 7.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 94%
„Running Point“ – серија на Нетфликс
Жена, која во минатото била „дива“ и многу се забавувала, мора да се докаже како добра бизнисменка кога ненадејно ќе биде ставена како главна на семејниот бизнис – кошаркарскиот тим „Лос Анџелес вејвс“.
Жанр: спорт / „IMDB“ оценка: 7.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 79%
„King Richard“ – филм на Ејч-би-о
Доаѓајќи од непривилегирана средина, Венус Вилијамс и Серена Вилијамс се искачуваат на врвот и доминираат во светот на женскиот тенис со помош на нивниот татко, Ричард Вилијамс.
Жанр: спорт/драма / „IMDB“ оценка: 7.5 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 90%
„Ballers“ – серија на Ејч-би-о
Поранешниот играч на НФЛ, Спенсер Стразмор, мора да си најде нова кариера. Тој одлучува да стане финансиски менаџер кој им служи и им помага на своите помлади пријатели во НФЛ.
Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 72%