Фото: Принтскрин / Јутјуб

Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„The Lost Daughter“ – филм на Нетфликс

Одморот покрај море на една средовечна жена тргнува наопаку поради нејзината опсесија со дуото мајка-ќерка во блиската вила, што ѝ буди некои од темните спомени од минатото.

Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 6.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 94%

„Dark Winds“ – серија на Нетфликс

Двајца полицајци од племето Навахо се здружуваат за да бараат индиции и да ги откријат тајните зад едно брутално двојно убиство, борејќи се со сопствените демони и верувања.

Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 7.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 100%

„The Brutalist“ – филм на Ејч-би-о

Бегајќи од повоена Европа, еден визионерски архитект доаѓа во Америка за да го обнови својот живот, кариерата и бракот. Сам во една чудна нова земја, тој се населува во Пенсилванија, каде што еден богат и истакнат индустријалец го препознава неговиот талент.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.4 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 93%

„Duster – серија на Ејч-би-о

Во 1970-тите, возач кој бега се среќава со упорен агент на ФБИ кој сака да го уништи неговото криминално семејство.

Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 6.9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 92%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот