Фото: Принтскрин / Јутјуб

Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Hustle“ – филм на Нетфликс

Откако еден несреќен кошаркарски скаут открива извонреден играч во странство, тој го враќа феноменот назад без одобрение од својот тим.

Жанр: комедија / „IMDB“ оценка: 7.3 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 94%

„Black Doves“ – серија на Нетфликс

Хелен започнува страсна афера со маж кој не знае каков е нејзиниот таен идентитет. Фатена е на нишан кога нејзиниот љубовник станува жртва на опасното лондонско подземје, а работодавачот на Хелен го повикува Сем да ја заштити.

Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 7.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 94%

„Babygirl“ – филм на Ејч-би-о

Една моќна извршна директорка ги става на коцка својата кариера и семејство кога започнува жестока афера со нејзиниот многу помлад практикант.

Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 5.9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 76%

„The Penguin“ – серија на Ејч-би-о

Приказна за трансформацијата на Оз Коб од обезличен анонимец во познат гангстер од Готам.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 8.6 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 95%

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот