Фото: Скриншот/Јутјуб

Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на Нетфликс и Ејч-би-о овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

„Con Mum“ – филм на Нетфликс

Животот на еден готвач се превртува наопаку кога жена која ужива во луксузни патувања, шампањ и хотели тврди дека е неговата одамна изгубена мајка. Овој документарец ја открива неискажаната приказна.
Жанр: биографија / „IMDB“ оценка: 6.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: /

„The Residence“ – серија на Нетфликс

Ексцентричната детективка Корделија Кап пристигнува во Белата куќа за да реши убиство што се случило за време на државна вечера.

Жанр: драма / „IMDB“ оценка: 7.9 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 86%

„Prisoners“ – филм на Ејч-би-о

Кога полицијата одзема премногу време за да ја пронајде ќерката на Келер Довер и нејзината другарка, тој одлучува сам да тргне во потрага. Неговата очајност го приближува до вистината, но истовремено го доведува и неговиот живот во опасност.

Жанр: трилер / „IMDB“ оценка: 8.2 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 81%

„When No One Sees Us“ – серија на Ејч-би-о

Сместена во Морон де ла Фронтера, приказната ја следи Лусија Гутиерез, наредник во шпанската цивилна гарда, која истражува чудни инциденти за време на првите поворки за Страсната недела, како и необјаснивото самоубиство на еден жител.
Жанр: крими-драма / „IMDB“ оценка: 5.7 / „Rotten Tomatoes“ рејтинг: 88%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот