Штип со европски пари ќе вдоми 47 семејства со над 250 лица во типските куќи во населбата Света Недела

Штип / Фото: МИА

Урбанистите во Општина Штип ја реализираат документацијата за изградба на типските куќи во реонот на Света Недела, кон патот за село Шашаварлија, со што покрив над глава ќе добијат над 250 лица.

Лазар Хаџи-Николов, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Штип, вели дека реализацијата на документацијата се очекува кон средината на наредниот месец, а во типските куќи, за чија изградба се обезбедени европски пари, ќе се сместат 44 семејства од старото Нервно одделение и три семејства од населбата Света Недела.

Во овој момент од страна на општината се води постапка за донесување урбанистички проект со кој ќе се предвиде намена на земјиште домување А1 и во иднина оваа документација се донесува со цел реализиација на проект за дислокација, односно предвидување на типски куќи за домување на ромски семејства. Оваа постапка би требало да биде завршена кон средината на февруари, рече Хаџи Николов.

Во проектот за кои се обезбедни средства од ЕУ фондовите вклучени се општините Штип и Берово.

Откако ќе се реализира документација ќе се распише тендер за изградба на типските куќи во Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот