Штекли имал епилептичен напад и паднал во судница

Судењето за Раде Трајковски – Штекли кој заедно со уште девет лица е обвинет за продажба на дрога се одложи бидејќи пред почетокот на рочиштето имал епилептичен напад и паднал во судница.

По укажана помош од лекари од брза помош, Штекли одбил да прими терапија, а Судот донесе одлука рочиштето да продолжи да го следи од друга просторија во Судот.

-Го прегледавме. Самиот беше контактибилен, самиот кажа дека не знае каде се наоѓа. Не сака да прими терапија, бидејќи пиел друга терапија во затвор. Не сакаше да потпише изјава дека одбил терапија – рече лекарката.

Адвокатот на Штекли, Сашко Дуковски пред Судот реагираше дека епилептичен напад на лице со констатирана епилепсија никако не може да биде нарушување на редот во судницата.

– Од почнувањето на оваа расправа до сега Раде Трајковски ниту го навреди, ниту наруши редот во оваа судница. Непосредно пред почетокот на главната расправа добил епилептичен напад. Обвинетиот вчера бил прегледан и дадена му е терапија од психијатар, со оглед на суицидални идеи. Мора да приметам дека лекарот од општа пракса од Брза помош немаше доблест да каже дали денес примил терапија, зошто ако не примил еден од можните исходи е ова – изјави Дуковски.

Дуковски, нагласи дека посебено сака да се забележи дека на одбраната во ниту еден момент не и е во корист да се одолговлекува судењето.

-Не може да биде нарушување на ред, одбивање на дијазепам од десет милиграми што треба да го направи тука растение и да следи рочиште. Јас не можам по ова денеска да вршам испрашување и вкрстени прашања. Затоа се обраќам до Судот да се даде датум да се изврши ова сослушување, а затворскиот лекар да види дали Штекли има примено или не денеска терапија – изјави Дуковски.

Судијата Илија Трпков, нагласи дека целта на Судот е судењето да биде економично и ефикасно и да се испочитуваат сите права на обвинетите и секако да се грижи за здравствената состојба на обвинетите.

– Во овој предмет не е само Раде. Тука се и други обвинети. Но, со оглед дека имате 20-тина прашања, а сега е веќе 14 часот и да бидеме практични, главната расправа се одложува за 9 октомври. Но, ве уверувам дека сите обиди за одолговлекување ќе бидат санкционирани – изјави судијата Трпков.

Еден од психијатриските вештаци од Обвинителството на минатото рочиште рече дека Штекли, може да го следи судскиот процес и да учествува во истиот и да дава своја одбрана,

Штекли на вештакот му кажал дека имал „паранормални искуства“ и оти во минатиот живот бил желка што се реинкарнирала во човек, па затоа сега не јаде месо.

Ова е спротивно на вештачењето на одбраната, односно на психијатарот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој го оцени Трајковски како психотичен, со шизофрени карактеристики. Според проценката, Трајковски покажува верување во реинкарнација и има „имагинарен учител“, кој му кажува како да постапува, што според одбраната го прави неспособен да ја следи судската постапка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот