Будисти/ Фото: Hakbong Kwon / Alamy / Profimedia

Шри Ланка: Седум будистички монаси загинаа откако жичарница излета од шините

Седум будистички монаси загинаа, а шест други се повредени кога жичарница излета од шините во Шри Ланка во среда вечерта, соопшти полицијата.

Жртвите се упатувале кон манастирот На Ујана кога, под нејасни околности, се скинала сајла и се случила несреќата.

„Тринаесет монаси беа во кабината. Двајца беа спасени со полесни повреди, но четворица се во критична состојба, а седуммина беа извлечени мртви“, изјави полициски службеник за АФП.

Тој рече дека меѓу загинатите имало монаси од Индија, Русија и Романија.

Манастирот На Ујана се наоѓа во пошумена област околу 130 километри североисточно од Коломбо, финансиската престолнина на Шри Ланка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот